Романска архитектура
архитектонски стил во средновековна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Романска архитектура (од лат. romanuscode: la is deprecated — римски) или романика[1] — архитектонски стил кој се развил во средновековна Европа и се одликува со својот масовен квалитет, дебели ѕидови, кружни куполи, сводови и високи кули. Стилот се појавил на почетокот на XII век, а се развил истовремено со готскиот стил, кој пак се одликува со шилести куполи. И покрај тоа што не постои официјален период за започнувањето на овој стил, може да се каже дека се појавил, дури во периодот од VI до X век.
Во романската архитектура, секоја градба има своја определен симетричен облик. Во текот на периодот на развој на стилот биле изградени многу палати, цркви и други објекти.