Понтско-касписка Степа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Понтско-касписка Степа — степско подрачје кое се протега од северните брегови на Црното Море до северните предели околу Каспиското Море. Се простира од Добруџа во североисточниот агол на Бугарија и југоисточна Романија, преку Молдавија и јужна и источна Украина, преку рускиот Северен Кавказ, јужното и долното Поволжје до западен Казахстан, веднаш до Казашката Степа на исток. Казашката и Потнско-касписката Степа се дел од поголемата Евроазиска Степа. Спаѓа во Палеарктикот и биомот на умерени тревници, савани и шикари.
Понтско-касписка Степа | |
---|---|
Азовско-сивашки природен парк, Украина | |
Екологија | |
Екозона | Палеарктик |
Биом | умерени тревници, савани и шикари |
Географија | |
Површина | 994.000 км2 |
Земји | Бугарија, Казахстан, Молдавија, Романија, Русија и Украина |
На овој простор во антиката се наоѓале државите Кимерија, Скитија и Сармаија. Со текот на милениумите на степите живееле номадски коњаници; многу од нив подоцна се преселиле во Европа, Западна и Јужна Азија.
Поимот понтско-каписки регион во биогеографијата го означува растителниот и животинскиот свет на овие степи, вклучувајќи ги животните од Црното, Каспиското и Азовското Море. Според генетските истражувања, оваа област најверојатно е првото место кајшто се припитомени коњите.[1]
Според општоптифатената курганска хипотеза, Понтско-каписката Степа е прататковината на народот кој го говорел праиндоевропскиот јазик — предците на денешните Европејци.[2][3][4][5]