Пеколот (Божествена комедија)
дело од трилогијата Божествена комедија на Данте Алигиери / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пеколот (италијански: Inferno) — првиот дел од Божествената комедија на Данте Алигиери, проследен од Чистилиштето и Рајот. Поемата е напишана во раниот XIV век. Делото е алегориско раскажување на патувањето на Данте низ средновековен концепт за пеколот, предводен од римскиот поет Вергилиј. Во поемата, Пеколот е прикажан низ девет круга на страдањето, сместени во Земјата. Алегорично, Божествената комедија го претставува патувањето на една душа до Господ, во Пеколот опишувајќи го признавањето и одбивањето на гревот.[1]
- Оваа статија е за дело од Данте Алигиери. За верскиот поим видете Пекол.