Памплонска катедрала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Митрополитската катедрала наречена Санта Марија ла Реал, која е сместена во градот Памплона (Составната заедница на покраината Навара, во државата Шпанија) претставува седиште на надбискупиите на Памплона и Тудела. Овој објект претставува црковен архитектонски храм, кој бил најкомплетниот катедрален комплекс воопшто зачуван на територијата на Шпанија. Оваа катедрала ги прикажува вообичаените градби кои ги има во останатите храмови како што се црквата, манастирот и светилиштата, но успеала да ги зачувува и специфичните елементи од типот на тезгите, трпезаријата, поглавјето и собите за преспијување. Овие особени зачувани простории биле доказ за постоење на заедничкиот живот во катедралата на нејзиното раководство. Низ вековите кај другите шпански катедрали овие дополнителни простории биле урнати.[1] Просториите кои го оформуваат овој комплекс биле изградени во различни периоди и со различни стилови. Денес мал дел од просториите кои постојат се од таканаречен романски стил, а преовладуваат оние кои биле изградени во готски стил (вклучувајќи ги објектите на црквата и манастирот). Црквата и манастирот водат потекло од xiv до xvi век. Западната фасада од катедралата која е во неокласичен стил, била изградена кон на крајот на 18 век.[2]
Објекти кои посебно се издвојуваат се; манастирот, кој се смета за чудо на европската готска уметност и секако еден од најдобриот изграден манастир во текот на XIV век,[2] потоа трпезариската кујна, која претставува една од трите преживеани примери на готска кујна во цела Европа,[3] како и делот од главната фасада едно од најблескавите, најчистите и најрепрезентативните дела на неокласицизмот на Иберискиот полуостров.[4]