Опел Инсигнија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опел Инсигнија (германски: Opel Insignia) — среден/голем семеен автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел. Производството на Инсигнија започнало во август 2008 година, како замена за Вектра и Сигнум[1]. Возилото се продава под марката Воксхал во Велика Британија, во Австралија како Холден Комодоре, а во Северна Америка и Кина како Буик Регал[2][3].
Произведувач | Опел (Група ПСА) лиценца на Џенерал моторс |
---|---|
Познат и како | |
Производство | 2008–денес |
Претходник | |
Класа |
|
Конструктор | Марк Адамс Малком Вард |
Во Чиле, возилото првично требало да се продава како Шевролет Вектра[4], но денес се продадава како Опел Инсигнија[5]. Инсигнија за првпат била претставена во Австралија во август 2012 година под Опел[6], но била отфрлена една година подоцна откако марката била повлечена од пазарот[7]. Повторно била лансирена во Австралија (и Нов Зеланд за првпат) под марката Холден во 2015 година.
Инсиње се произведува во фабриката на Опел во Риселсхајм, Германија.