Некои го сакаат тоа жешко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Некои го сакаат тоа жешко (Some Like It Hot) - американски романтичен комичен филм од 1959 година, во режија на Били Вајлдер. Главните улоги ги толкуваат: Мерилин Монро, Тони Кертис, Џек Лемон, а споредните улоги ги толкуваат: Џорџ Рафт, Џо Е. Браун итн. Во 1960 година, филмот добил една награда „Оскар“, во категоријата за најдобри костуми, а бил номиниран во уште пет категории. Истата година, филмот добил три награди „Златен глобус“, и тоа за: најдобар филм - комедија, најдобра глумица во комедија или Мјузикл и најдобар глумец во комедија или мјузикл. Исто така, филмот се закитил и со една награда на БАФТА (Џек Лемон во категоријата „најдобар странски глумец“)[1]
Кратки факти „Некои го сакаат тоа жешко“, Режисер ...
„Некои го сакаат тоа жешко“ | |
---|---|
Режисер | Били Вајлдер |
Продуцент | Били Вајлдер |
Главни улоги | Мерилин Монро Тони Кертис Џек Лемон Џорџ Рафт Џо Е. Браун Пет O'Бриен |
Музика | Адолф Дојч |
Кинематографија | Чарлс Ланг |
Монтажа | Артур П. Шмит |
Студио | Mirisch Company |
Дистрибутер | United Artists |
Премиера | март 29 1959 (1959-03-29) |
Времетраење | 121 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $2.9 милиони |
Бруто заработка | $40 милиони |
Затвори