Национален музеј (Прага)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националниот музеј (НМ) (чешки: Národní muzeum) — чешка музејска институција наменета за систематски да основа, подготвува и јавно изложува природни научни и историски колекции. Основана е во 1818 година од Кашпар Марија Штернберг.[1] Истовремено, во процесот на основањето на музејот силно бил вклучен и историчарот Франтишек Палачки[2].
Кратки факти Основан, Место ...
Národní muzeum | |
Главната зграда на Националниот музеј во 2018 | |
Основан | април 15 1818 (1818-04-15) |
---|---|
Место | Прага, Чешка |
Координати | 50.078831° СГШ; 14.430797° ИГД / 50.078831; 14.430797 |
Фонд | 14 милиони предмети |
Мреж. место | nm.cz |
Затвори
Во Националниот музеј има речиси 14 милиони предмети од областа на природната историја, историја, уметност, музика и библиотекарство, кои се наоѓаат во десетици музејски згради. Главната зграда на Националниот музеј е реновирана во периодот од 2011-2019 година.