Награди Греми
From Wikipedia, the free encyclopedia
Греми-награда (првично наречена Грамофонска награда) или Греми — признание од Националната академија за запис на звукот и умтностите на Соединетите Американски Држави со цел да се признаат изворедните достигнувања во музичката индустрија. Годишната церемонија се одликува со настапи на познати изведувачи, а некои од наградите кој се од голем интерес се презентирани во телевизиска церемонија која има голема гледаност. Овие награди се еквивалентни на наградата „Еми“ за телевизија, наградата „Тони“ за сценски изведби и наградите „Оскар“ за филмови.
Кратки факти Награди Греми, Држава ...
Награди Греми | |
---|---|
Држава | Соединети Американски Држави |
Доделува | National Academy of Recording Arts and Sciences |
Мрежно место | https://www.grammy.com |
Затвори
Првата церемонија на „Греми“ се одржала на 4 мај 1959 година, а била одржана во чест на музичките достигнувања од страна на изведувачите во 1958 година.