Морал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Морал — збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Моралот разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во филозофијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се однесуваат. Моралот е една од најважните одлики на човекот.
Друга дефиција за моралот гласи дека моралот е збирот од постапки со кој се препознава што е добро и така да се однесува, а што е лошо и така да се оценуваат постапките на другите.
Германскиот филозоф Фридрих Ниче го дефинира моралот како „идиосинкразија на декадентите, со позадинска намера да му се одмаздат на животот, и тоа со успех.“[1]