Мајкл Ман
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајкл Кенет Ман (англиски: Michael Kenneth Mann; роден на 5 февруари 1943 година) ― американски режисер, сценарист и продуцент, познат по неговиот специфичен стил на криминалистичка драма.[1] Негови најпознати дела се филмовите „Крадец “ (1981), „Ловец на луѓе“ (анг: Manhunter) (1986), „Последниот мохиканец“ (1992), „ Врелина“ (1995 година), „Инсајдер“ (1999), „Колатерал “ (2004) и „Државни непријатели “ (2009). Како извршен продуцент е познат по популарната ТВ серија Пороците на Мајами (1984–89), која ја адаптирал во игран филм од 2006 година.
Мајкл Ман | |
---|---|
Мајкл Ман во 2014 | |
Роден(а) | 5 февруари 1943(1943-02-05) (81 г.) Чикаго, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1968–present |
Сопружник | Самер Ман (в. 1974) |
Деца | 4 |
За неговите дела, бил номиниран од меѓународни организации и жирија, меѓу кои и Британската академија за филмска и телевизиска уметност, Канскиот филмски фестивал и Академијата за филмски уметности и науки. Како продуцент, Ман двапати бил номиниран за Оскар за најдобар филм, прво за „Инсајдер“, а потоа и за „Авијатичар“ (2004), кој прво требало да го режира Ман за потоа проектот да му биде доделен на Мартин Скорсезе. Total Film во 2007 година го ставил Ман на 28-мо место на нивната листа од 100 најдобри режисери во историјата, [2] а Sight and Sound го рангирал на 5-то место на нивната листа од 10 најдобри режисери во последните 25 години (за годините 1977-2002 ).