Марија Магдалена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот завет и во Новиот завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос.[2] Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово.[3]
Марија Магдалена | |
---|---|
Марија Магдалена под Крстот | |
Роден(а) | почетокот на I век, Мадгала? |
Починал(а) | кон средината или крајот на I век, Ефес, Мала Азија или Марсеј[1] |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Православна црква Англиканска црква Протестантство |
Слава | 22 јули |
Заштитништво | аптекари; Атрани; Касамилиола Терма; ракавица; бербери; покајание; луѓе исмејувани за нивната побожност; парфимерија; фармацефти; реформирани проститутки; искушенија; жените |
Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како „апостол на апостолите“. Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и водач на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици.[4] Во текот на историјата, па и во модерно време се појавиле различни шпекулации или тврдења во врска со Марија Магдалена, вклучувајќи ги и тврдењата дека таа му била сопруга на Исус, па дури и дека била проститутка.[5]
Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.
Од Рим, Марија Магдалена се вратила во Ефес кај апостол Јован на кој му помогнала во проповедта на евангелието. Моштите на Света Магдалена биле пренесени во Цариград. Блиску до Гетсиманската градина во Ерусалим, денешен Израел, била изградена Црква „Марија Магдалена“ посветена на оваа светица.