Лу Рид
американски рок-музичар (1942–2013) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Луис Алан Рид (англ. Lewis Allan Reed; 2 март 1942 – 27 октомври 2013) ― американски музичар и текстописец. Тој бил гитарист, пејач и главен текстописец на рок-групата The Velvet Underground и имал петдецениска соло-кариера. Иако Velvet Underground не била успешна за време на своето постоење, групата станала една од највлијателните групи во историјата на андерграунд и алтернативната рок-музика. Неговиот карактеристичен сериозен глас, поетските и табу-стихови во песните и експерименталното свирење гитара биле негов заштитен знак во текот на неговата долга кариера.
Лу Рид | |
---|---|
Рид на настап во живо во во Портланд во 2004 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Луис Алан Рид |
Роден(а) | 2 март 1942(1942-03-02) Њујорк, САД |
Потекло | Фрипорт, Њујорк, САД |
Починал(а) | 27 октомври 2013(2013-10-27) (возр. 71) Ист Хемптон, Њујорк, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1958–2013 |
Издавачи |
По дипломирањето на Универзитетот во Сиракуза, тој работел како текстописец и сесиски музичар во Pickwick Records во Њујорк. Таму се запознал со Џон Кејл; тие, заедно со Стерлинг Морисон и Ангус Меклајс, во 1965 година ја основале групата Velvet Underground. Групата го привлекла вниманието на Енди Ворхол и тој станал нивен менаџер; за возврат тие станале „куќен бенд“ уметничкото студио на Ворхол, The Factory. Групата го издала првиот албум заедно со германската пејачка Нико, во 1967 година. Набргу потоа се разделиле со Ворхол. Рид ја напуштил групата во 1970 година. По напуштањето на групата, Рид имал комерцијално поуспешна соло-кариера и објавил дваесет соло студиски албуми. Рид учествувал во возобнувањето на Velvet Underground во 1990-тите и направил уште неколку албуми.
Починал во 2013 година од заболување на црниот дроб. Рид двапати бил примен во Куќата на славните на рокенролот: како член на Velvet Underground во 1996 година и како соло-пејач во 2015 година.