Лук Скајвокер
измислен лик од Војна на џвездите / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лук Скајвокер ― измислен лик и протагонист од оригиналната филмска трилогија „Војна на ѕвездите“ од Џорџ Лукас. Лук, чиј лик го глуми Марк Хамил, првпат се појавил во „Војна на ѕвездите“ (1977), и повторно се појавува во „Империјата го возвраќа ударот“ (1980) и „Враќање на џедајот“ (1983). По повеќе од три децении подоцна, Хамил повторно го глумел Лук во продолжението на трилогијата „Војна на ѕвездите“; тој настапил во „Силата се буди“ (2015), а поголема улога имал во „Последниот џедај“ (2017) и „Подемот на Скајвокер“ (2019). Подоцна ја глумел дигитално подмладената верзија на ликот во Дизниевиот Мандалорец, при што се појавил во финалето на втората сезона, чија премиера била во 2020 година, и Книга за Боба Фет, во шестата епизода, објавена во 2022 година.
Лук Скајвокер | |
---|---|
лик од Војна на ѕвездите | |
Прво појавување | Војна на ѕвездите (1977) |
Создавач | Џорџ Лукас |
Толкува | Марк Хамил |
Информации | |
Полно име | Лук Скајвокер |
Прекар | Ворми |
Вид | Човек |
Пол | Маж |
Татуин (дом) Полис Маса (родно место) |