Ланец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ланец[1], верига[2] или синџир[3] е низа од поврзани делови, наречени алки, вообичаено направени од метал, слична на јажето според флексибилноста и виткањето, но поцврста и отпорна на притисок. Ланците се разликуваат според намената: едни служат за кревање, прицврстување, врзување, обезбедување; други служат како накит; трети служат за пренос на механичка сила во машините.