Кралска збирка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралска збирка (англиски: Royal Collection) — уметничка збирка на британското кралско семејство и една од најголемите и најважните вакви збирки во светот. Распоредена е во тринаесет кралски дворци и поранешни резиденции ширум Велика Британија. Збирката е во сопственост на кралицата како суверен, но се чува во задолжбина за нејзините наследници и целата нација.[1][2]
Содржи повеќе од 7.000 слики, 40.000 акварели и цртежи и околу 150.000 печатени графики, како и историски фотографии, таписерии, мебел, керамика, книги и други уметнички дела. Физички е распоредена на повеќе места; некои, како дворецот Хемптон Корт, се отворени за јавноста и бидејќи во нив не престојува кралското семејство, додека пак други, како Виндзорскиот замок се резиденции, но достапни за јавноста. Дел од збирката е сместена и во резиденции како Сандригем кои воопшто не се отворени за јавноста. Краличината галерија во Бакингемската палата во Лондон приредува изложби од збирката по неколку месеци во годината. Ваква галерија има и до Холирудскиот дворец во Единбург.
Се проценува дека збирката има вкупна вредност од 10 милијарди фунти.[3] Меѓутоа, други извори велат дека збирката е толку бесценета, што нејзината вредност не може да се процени.