Кеч
настани за боречки вештини со професионални спортисти кои дозволуваат употреба на фрлања, скокови, борби и техники на удар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеч — разговорно име за еден вид забавна емисија што користи различни боречки вештини и техники на борење. Во Канада и САД борењето се нарекува професионално борење, а спортското борење (слободно, класично, самбо итн.) се нарекува љубителско борење. Причината е што во љубителското борење борачите не се платени за своите излегувања, за разлика од оние во професионалното борење.[1][2] Борачите што учествуваат во натпревари по кеч се нарекуваат кечери.
Водечките компании за кеч се WWE, AEW и Impact Wrestling, а во Јапонија — NJPW.