Керч
град во источен Крим / From Wikipedia, the free encyclopedia
Керч (руски: Керчь, украински: Керч, кримскотатарски: Keriç) — град на Керчкиот Полуостров во источниот дел на Република Крим, Русија. Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[1]
Кратки факти Керч Керчь / Керч / Keriç, Земја ...
Керч Керчь / Керч / Keriç | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Обелиск на плаинната Митрадат во Керч | |||
Местоположба на Керч во Крим | |||
Координати: 45°21′43″N 36°28′16″E | |||
Земја | Русија (де факто) Украина (де јуре) | ||
Република | Крим | ||
Општина | Керч | ||
Површина | |||
• Вкупна | 108 км2 (42 ми2) | ||
Надм. вис. | &1000000000000001000000010 м | ||
Население (попис 2006) | |||
• Вкупно | 151,300 | ||
• Густина | 1.464,49/км2 (379,300/ми2) | ||
Час. појас | MSK (UTC+4) | ||
Пошт. бр. | 98300 — 98399 | ||
Повик. бр. | +380 6561 | ||
Поранешни имиња | Пантикапеј, Боспор, Воспоро, Корчев, Керчо | ||
Збратимени градови | Могиљов, Смоленск, Чанаккале, Орјол, Одинцово, Сочи | ||
Мреж. место | Портал |
Затвори
Основан е пред 2.600 години и се вбројува меѓу најдревните градови во регионот. Најпрвин бил колонија населена од доселеници од Милет. Своевремено бил престолнина на Боспорското Кралство и, за кратко, персиско-македонскиот понтски крал Митрадат VI. Доживеал голем подем во 1920-тите години, а подоцна кај него се одиграла и важна битка во Втората светска војна.
Денес е втор град по големина на Крим и претставува важен индустриски, сообраќаен и туристички центар.