Истерувачи на духови
појаснителна страница / From Wikipedia, the free encyclopedia
Истерувачи на духови се оние кои вршат истрага на места за кои се рекло дека се проколнати или опседнати со духови. Обично тоа е тим од 4-8 луѓе кои собираат докази за паранормални активности. Истерувачите на духови најчесто користат електронска опрема, како ЕМФ-метар, дигитален топломер, камери за ноќно снимање, дигитален снимач на звук и компјутер. Вака организираниот тим на истерувачи на духови се нарекува уште и тим за паранормално истражување.
Скептиците тврдат дека постои вистински недостаток од научно потврдени докази за постоење на духови, и покрај повеќевековниот интерес кај народот за оваа тема.[1]