Или кафе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Или кафе С.п.А. (брендирана и стилизирана како illy ) е италијанска компанија за кафе специјализирана за еспресо, со главно седиште во Трст. Компанијата Или го продава своето кафе на глобално ниво.
Вид | акционерско друштво |
---|---|
Дејност | Кафе |
Основано | 1933 |
Основач | Франческо Или |
Седиште | Трст, Италија |
Опслужувани подрачја | На глобално ниво |
Клучни личности | Андреа Или (претседател) Максимилијан Пољани (извршен директор) |
Производи | Кафе, еспресо машини |
Доход | €568 милиони (во 2022) |
Вработени | 1230 (во 2022) |
Мреж. место | illy.com |
Или понудува варијации на средно, темно и печено кафе без кофеин; како и варијации на арабика. Компанијата, сезонски произведва арабика со минимално количество кофеин, одгледувана во Ел Салвадор. Компанијата продава: пакувано кафе во вид на цели зрна, мелено кафе, ЕСЕ капсули и капсули ипер-еспресо.
Компанијата е основана во 1933 година од страна на Франческо Или, останува во наследство и контрола на семејството и достигнува да вработи околу 2700+ работници (2015). Приходите во 2016 година изнесувале вкупно 460 милиони евра,[1] Или кафе пробал да се прошири на пазарот во Соединетите држави, нудејќи 20% од акциите во компанијата на потенцијалните инвеститори кон крајот на 2019 година.[2]