Знаме на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на Македонија — државно знаме на Македонија, усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце, добиено од старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.
Кратки факти Сразмер, Усвоено ...
Сразмер | 1:2 |
---|---|
Усвоено | 5 октомври 1995 |
Опис | Стилизирано златно сонце со осум краци - модификација на Ѕвездата од Кутлеш |
Творец | Мирослав Грчев / Костадин Танчев - Динка |
Затвори