Емајл
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емајл[1][2], глеѓ[3][4] или чинго[5][6] — стакло сомелено во прав, кое се врзува за метална подлога со топење на температура од 750-850 степени (покривен емајл на челичен лим) или 800-900 степени (темелен емајл на челичен лим).[7] Правот се топи, а по ладењето на металната површина се образува цврста стаклена обвивка. Ако со стакло се обложува стаклена или керамичка подлога, тогаш тоа е глазура. Технологијата на емајлирање е многу стара и низ историјата се користела во изработката на накит и во применетата уметност. Во текот на 19 век почнува да се користи за индустриски цели, пред сѐ за производство на садови.