Ден на благодарноста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Денот на благодарноста — празник во чест на жетвата, кој главно се прославува во САД и Канада. Традиционално, тоа било период за искажување благодарност за богатата жетва. Иако првобитното прославување имало религиозна основа, во денешно време Денот на благодарноста пред сѐ се смета како световен празник.
Во денешно време, во Канада, Денот на благодарноста се прославува на вториот понеделник од октомври, а во САД се прославува на четвртиот четврток од ноември. Денот на благодарноста во Канада се паѓа на истиот ден како и празникот во чест на Кристофер Колумбо во САД.