Дагоберт I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дагоберт I (роден околу 602/605 – починат на 19 јануари 638 или 639) бил крал на Франките од меровиншката династија, син на Хлотар II, крал на Франките, и на Бертруда. Тој владеел со Австразија од 622 до 632, и бил крал на сите Франки од 629 до 639. Неговата кралска резиденција била во Клиши (Горна Сена). Тој бил последниот од меровиншката династија кој ја имал кралската моќ.[1] Дагоберт бил првиот од франкиските кралеви кој бил закопан во кралската гробница во базиликата Сен Дени.[2]
Кратки факти Крал на Франките, На престол ...
Дагоберт I | |
---|---|
Солид на Дагоберт I искован во Марсеј,Кабинет на медали, Париз | |
Крал на Франките | |
На престол | 629–634 |
Претходник | Хлотар II |
Наследник | Теодорих III |
Роден(а) | 603 |
Починал(а) | 19 јануари 639 |
Почивалиште | Базилика Сен Дени, Париз |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хлотар II |
Мајка | Халтруда |
Потпис |
Затвори
За неговото владеење се знае преку хрониката на Фредегер напишана во 7 век, но исто така и преку делото Gesta Dagoberti (Подвизите на Дагоберт) напишано во 9 век [3] околу 835 од страна на Хилдуин од Сен Дени и од Инкмар од Ремс[4].