Вин Дизел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Синклер (роден на 18 јули 1967 година), професионално познат како Вин Дизел ― глумец и продуцент. Еден од глумците со најголема заработка на светот, тој е најпознат по улогата на Доминик Торето во франшизата Брзи и Бесни.
Вин Дизел | |
---|---|
Дизеј зборејќи на Сан Диего Комик кон 2013 | |
Роден(а) | Марк Синлер 18 јули 1967(1967-07-18) (56 г.) Аламида, Калифорнија, Соединети Држави |
Занимање | |
Активен период | 1990–до денес |
Партнер | Палома Хименес |
Деца | 3 |
Потпис |
Дизел ја започнал својата кариера во 1990 година, но се соочил со тешкотии да постигне признание се додека не напишал, режирал и отглумил во краткиот филм Повеќеличен (1995) и неговиот дебитантски игран Залутани (1997); филмовите го поттикнале Стивен Спилберг да му даде улога на Дизел во воениот еп Спасувањето на војникот Рајан (1998). Дизел последователно го дал гласот на насловниот лик во „Железниот џин“ (1999), а потоа се здобил со углед на акција ѕвезда по насловните на франшизите „Брзи и Бесни“, „Хрониките на Ридик“. Тој треба да се појави во претстојните филмови за „Аватар“.
Дизел го дал гласот на Грот и Грот II во Киноуниверзумот на Марвел; тој ги толкуваше ликовите во шест филмови за суперјунаци, почнувајќи од „Чувари на галаксијата“ (2014). Дизел ја повтори својата улога како Грот за анимираните кратки серии на Дизни+, „Јас сум Грот“ (2022-до денес), телевизискиот посебен Чувари на галаксијата празничен посебник (2022) и анимираниот филм Ралф го руши интернетот (2018). Дизел постигнал комерцијален успех во комедијата Смирувач (2005) и неговото приражување на Џеки Диноршо во Најди ме виновен (2006) бил пофален.
Тој го основал продукциското друштво One Race Films, каде што работел и како продуцент или извршен продуцент за неговите ѕвездени возила. Дизел, исто така, ја основал издавачката куќа Racetrack Records и развивачот на видеоигри Tigon Studios, обезбедувајќи го неговиот глас и снимање на движења за сите изданија на Tigon.