Барокна архитектура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Барокната архитектура е крајно динамизирана. Фасадите се вознемирени и богати со ниши, столпови, волути, а препознатливите елементи се елипса, конкавност – конвексност (вдлабочено, испупчено) и општата разиграност на масата.
Барок- "baluka" – значи перла, се е богато и китесто, треба да се потврди моќта на црквата и нејзиниот сјај. Барокните композиции се со големи дименѕии. Се јавуват голем број на материјали. Барок се формирал од темата која го терла човекот на размислување, и оние кои требало да го дирнат човекот и да го натераат на размислување за потребата на вера. Црквата со свите средства се трудела да ја задржи својата положба која ја имала. Барокот го применувал сето оно што веќе било пронајдено. Ги развивал односите на светлоста и сенките и тежнеел кон тоа да ја развие драматика и патетика која се потенцирала со силни гестикулации и со динамични движења и за разлика од статичната и смирената ренесанса. Се појавуваат сложени композиции и не ретко се употребуваат и несиметрични дијагонални композиции.
Барокот во профана смисла нашол место во дворовите и резиденциите на кралевите.
Плоштадите се главни елементи на барокниот урбанизам, воглавно се затворени, со елиптични основи, динамизиран простор, организирани со помош на вертикални акценти (столпови, обелиск, Фонтани – Најпознат е секако Плоштадот на Св. Петар. Ѓовани Лоренцо Бернини, од 1657 година.