Англиска ренесанса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ренесансата во Англија — културно и уметничко движење во Англија кое датира од почетокот на XVI век до раниот XVII век. Тоа е поврзано со паневропската ренесанса при што многу културни историчари веруваат дека потекнува од Тоскана во XIV век. Оваа ера во англиската културна историја понекогаш се нарекува „шекспировски“ или „елизабетански“ период, првиот период од англиската и британската историјата именуван според владетел монарх.
Теми |
Архитектура |
Региони |
Англија |
Поетите како Едмунд Спенсер и Џон Милтон пишувале дела кои го покажувале зголемениот интерес за разбирање на англиските христијански догми, како алегорискиот приказ на династијата Тјудори во „Вилинска кралица“ и прераскажувале за падот на човештвото од рајот во „Загубениот рај“; драматурзи, како што биле Кристофер Марлоу и Вилијам Шекспир , создавале театарски претстави за англискиот начин на сфаќање на животот, смртта и историјата. При крајот на династијата Тјудор, филозофите како Сер Томас Мор и Сер Френсис Бејкон ги објавиле своите сопствени идеи за хуманоста и аспектите за добро општество, помествање на границите на метаспознанието во тоа време. Англија дошла поблиску до модерната наука со Беконовиот метод, претходник на научниот метод.