Амјенски договор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амјенскиот мировен договор (француски : la paix d'Amiens) бил мировен договор потпишан на 25 март 1802 година во францускиот град Амјен и со него привремено се ставил крај на непријателствата меѓу Франција и Обединетото Кралство. Договорот под името „Дефинитивен договор за мир“ го потпишале Жозеф Бонапарт и маркизот Корнволис. Овој договор го означува крајот на Војната на Втората коалиција и на Француските револуционерни војни.
Мирот по потпишувањето на овој договор траел една година (до 18 мај 1803 година) и бил единствениот период на општ мир во Европа во периодот од 1793 до 1814 година. Прекршувањето на Амјенскиот договор го означува стартот на Наполеоновите војни..
Според договорот, Британија ја признала Француската Република. Исто така Британија се откажала од повеќето неодамнешни освојувања; Франција требало да се повлече од Неапол и Египет. Британија ги задржала Цејлон (Шри Ланка) и Тринидад.