Американски идол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Американски идол (познат и како Американски Идол: потрага по супер ѕвезда) — реален телевизиски натпревар по пеење, создаден од Сајмон Фулер и во продукција на Фриментал медија Северна Америка и Ентертејмент 19, кое започна да се емитува на 11 јуни 2002 година на телевизијата Фокс. Дел од лиценцата на Идол е нуспроизвод на Британското шоу Поп Идол. Идејата на серијата е да се пронајде нов соло изведувач кој би станал еден од најпопуларните во историјата на Американската телевизија. Според рангирањето на Нелсен, Идол е најгледана ТВ серија до јануари 2011година и е единствената програма која била на врвот шест последователни сезони , надминувајќи ги сериите “Сите во фамилијата ” и “ Шоуто на Козби ” - серии кои биле на врвот пет последователни сезони.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Шоуто има за цел да го пронајде најдобриот пејач во земјата за којшто ќе одлучат гледачите. Преку телефонско гласање, интернет и АТ&Т СМС-гласање гледачите досега ги избраа победниците, како што се Кели Кларксон, Рубен Студард, Фантасија Барино, Кери Андервуд, Тејлор Хикс, Џордин Спаркс, Дејвид Кук, Крис Ален и Ли Де Вајз (напишани по хронолошки ред).
Серијата вработува група судии кои ја критикуваат изведбата на натпреварувачите. Првите тројца судии беа: добитникот на Греми награда, музички продуцент и музички менаџер Ренди Џексон, добитничката на Греми награда за поп пејач и добитничка на Еми награда, кореографката Пола Абдул и добитникот на награда за музички извршител и музички менаџер- Сајмон Коел. Од јануари 2011 година, групата на судии е составена од Џексон, Џенифер Лопес- добитничка на наградата за пејачка/ глумица и музички продуцент, како и фронтменот на Аеросмит и добитник на Греми награда, пејачот и композитор Стивен Тајлер. Домаќин на сите сезони е радио диџејот Рајан Сикрест.
Извршните продуценти од конкурентните телевизии го опишаа шоуто како “највлијателно шоу во историјата на телевизијата“. Шоуто исто така стана отскочна штица за почнување на кариера на многу уметници, како вистински ѕвезди. Весникот “ Ентертејмент викли” напиша: “ ни ги подарија Кели, Кери, Дотри и Џ. Худ. Идол има главен збор, затоа што победниците на Фокс всушност имаат огромна слава. А, Тејлор Хикс? Тој е исклучок што го докажува тоа.”