Американски англиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Американскиот англиски јазик (англиски: American English или U.S. English) e групи на дијалекти на англискиот јазик употребувани најчесто во Соединетите Американски Држави и Канада.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Англискиот јазик е најчесто употребуван јазик во Соединетите Американски Држави. Покрај тоа што федералната влада на САД нема свој службен јазик, англискиот се смета како де факто службен јазик во САД поради неговата широка употреба. Англискиот јазик има службен стгатус во 30 од 50 сојузни држави на САД.[1][2]
Англискиот јазик во САД бил донесен со британската колонизација на Северна Америка. Првиот бран на доселеници кои зборувале англиски пристигнал во Северна Америка во 17 век. Во тој период во Северна Америка исто така постоеле народи кои зборувале шпански, француски, холандски, германски, норвешки, шведски, шкотски, ирски, велшки, фински, руски (во Алјаска) и бројни староседелски јазици.