Американска култура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Културата во САД потекнува од западната култура, која што има потекло или влијание од европската култура. Таа се развивала уште пред САД да стане земја со свои сопствени социјални и културни одлики како што се дијалектот, музиката, уметноста, социјалните навики, кујната и фолклорот. Денес, САД е етничко-расна развиена земја, како резултат на многуте имиграции во текот низ историјата.
Влијанијата започнуваат прво со доселувањето на Англичани и Ирци, коишто се основачи на колонијална Америка. Британската култура во спој колонијалните споеви на Британија го проширува англискиот јазик, легалниот систем и многу други наследства кои имаат формално влијание. Други многу битни влијанија доаѓаат од други земји од Западна Европа, особено од Германија, Франција и Италија.[1]
Особено главна улога во формирањето на културата во САД има иновацијата на Џеферсоновата демократија. Забелешките на Томас Џеферсон во ″Статијата за Државата Вирџинија″, можеби тие беа првите пресудни за секојдневниот и културниот живот на еден Американец како и прв поттик за прекинување на влијанија на европските консензуси кои Америка во своето потекло ги дегенерирала. Преовладувачките идеи и идеали се развивале како што се државните празници, единствените американски спортови, воената традиција, како и иновации во уметноста и во забавата коишто се одликуваат со огромно чувство на национална гордост како и сопствена популарност. Американската култура вклучува два конзервативни и либерални елементи, воени и научни способности, политички структури, преземање ризици, слободно изразување како морални и материјални елементи. И покрај веќе постоечките идеолошки принципи, американската култура има спектар на изразувања како на пример географска скала и демографска разновидност. Флексибилната култура на САД има висока симболична природа кои некои истразувања ја карактеризираат американската култура со митски идентидет. Другите ја гледаат како ″американски ексепционализам″.
Тука исто така се застапени елементи кои ги вклучуваат Американците како и многу други етнички подкултури. Најистакната е културата на Афроамериканците кои се со многу поразлична култура од Латинска Америка. САД со честите развивања подлежи на културни разновидности и плурализам. Културното сродство е поединечно, кое што најчесто зависи од социјалната класа, политичката определеност и многубројните демографски каракатеристики како на пример: религиозната позадина и ориентација и членствата во етнички групи...