Џовани Белини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џовани Белини[1][2] в. 1430 – 29 ноември 1516) бил италијански ренесансен сликар, веројатно најпознат од семејството на венецијански сликари Белини. Тој е израснат во домаќинството на Јакопо Белини, за кој порано се мислело дека е негов татко, но сега тој семеен генерациски однос е доведен во прашање.[3] Постариот брат, Џентил Белини бил поценет од Џовани за време на неговиот живот, но обратното е точно денес. Негов зет ббил Андреа Мантења.
Џовани Белини | |
---|---|
„Автопортрет од Џовани Белини во Музеј Капитолини (Рим), околу 1500 | |
Роден(а) | ок. 1430 Венеција, Република Венеција, (сега Венето, Италија) |
Починал(а) | 29 декември 1516 Венеција, Република Венеција (сега Венето, Италија) |
Националност | Венецијански |
Познат(а) по | сликар |
Правец | Венецијанска ренесанса |
Се сметало дека Џовани Белини го револуционизирал венецијанското сликарство, придвижувајќи го кон посензуален и колористичен стил. Преку употребата на јасни маслени бои кои бавно се сушат, Џовани создал длабоки, богати нијанси и детални нијанси. Неговите раскошни течни бои, атмосферски пејзажи имале големо влијание врз венецијанската сликарска школа, особено врз неговите ученици Џорџоне и Тицијан.